Како можам да нарачам?
Најлесен начин да направите нарачка е да кликнете на производот кој сакате да го купите и кога ќе ви се појави неговиот детален опис, да кликнете на полето “Додади во кошничка“ потоа да влезете во вашата кошничка каде ќе ви се појават понатамошни инструкции за комплетирање на нарачката.
Доколку би нарачал/а, за колку време ќе ги добијам производите?
Времето на испорака изнесува од 24 до 48 часа од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработни денови рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се рачунаат неработните денови.
Дали морам да се регистрирам за да направам нарачка?
Не, не морате да се регистрирате за да направите нарачка. Сепак ние ве препорачуваме да го направите тоа бидејќи на тој начин ги користите и останатите бенефиции и промоции.
Колку е заштитена мојата нарачка и лични податоци?
Вашата нарачка е целосно заштитена. Интернет продавницата shop.digit.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачка и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик.
Како ги испорачувате производите?
Дигит Компјутери врши испорака преку карго компанија со која има склучено договор, за купени производи со цена над 4000.00 денари следува бесплатна испорака, за производите со цена под 4000.00 денари купувачот си ја плаќа испораката на карго компанијата.