ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со самото пристапување на веб страната на www.shop.digit.mk се согласувате со општите услови и правила кои треба внимателно да ги прочитате. Условите ги дефинираат односите помеѓу Дигит Компјутерс од една страна како сопственик на интернет страната со домеин wwwdigit.mk и сите негови подомеини и електронските корисници на домеинот и неговите поддомеини.
Дигит Компјутери не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал општите услови и правила.
КУПУВАЊЕ
Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на Дигит и истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право во секое време да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да го реализира плаќањето. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со Дигит Компјутери за рокот ,условите и производот кои се предмет на нарачка.
Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната Дигит Компјутери го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот.
БЕЗБЕДНОСТ
Дигит Компјутери е посветен на целосна безбедност на веб сајтот со тоа што ги применува најсигурните и докажани безбедносни решенија со цел заштита на клиентот. Заштитата Дигит Компјутери ја обезбедува на домеин www.digit.mk како и на сите поддомеини на истата страна. Дигит Компјутери не ја гарантира безбедноста доколку на сајтот има поставено линк до друга веб страна и не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страници.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Со прифаќање на условите на корисниците што се регистрирале на www.shop.digit.mk и ги приложиле своите информации во полињата за регистрација се согласни сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на Дигит Компјутери за понудените услугите, рекламирањето на производите и услугите и реализирање на испораката и плаќањето. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Дигит Компјутери не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Дигит Компјутери не превзема никаква одговорност за истото.
ГАРАНЦИЈА
Сите производи купени од Дигит Компјутери немаат гаранција.
НАЧИН НА ИСПОРАКА
Дигит Компјутери врши испорака преку карго, за купени производи со цена над 4000.00 денари следува бесплатна испорака, за производите со цена под 4000.00 денари купувачот си ја плаќа испораката на карго компанијата. Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката. При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуално недостасување на некој дел доколку производот е составен од неколку делови. Доколку констатира некој од предходните недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.
Испораката на производите вршиме низ целата територија на Македонија.
Времето на испорака изнесува од 24 до 48 часа од моментот на правењето на нарачката.
Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.
Доколку нарачката е направена во неработни денови рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се рачунаат неработните денови.
Дигит Компјутери го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
Доколку има доцнење на испораката Дигит Компјутери не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА
Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура ,испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов. (трошокот за транспортот го плаќа купувачот)
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот.
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.
Дигит Компјутери го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на Дигит Компјутери.